Говорот на Христијан Мицкоски ме потсети на говорот на Павел Шатев за обединување на Македонците. Мицкоски потенцираше една голема работа дека ВМРО-ДПМНЕ не е ни просрпска, ни пробугарска, ни прогрчка партија, таа е промакедонска партија, таа е партија на обединување на Македонците- рече Марјан Ѓорчев на гостувањето во емисијата Само вистина на Канал 5 телевизија.

-Ние не мора да се сакаме во ВМРО-ДПМНЕ, дури не мора ни да се почитуваме, важно е дека не води една иста идеа. Уште на првиот основачки акт на ВМРО-ДПМНЕ, кога СКМ ПДП мечтаеше за Белград и преговараше за асиметрични федарации, не сакаа заедно со Хрватска и Словенија да се одделиме од Југославија, ВМРО-ДПМНЕ јасно се определи за ЕУ и за НАТО. Сите овие прогласи дека ВМРО не е европска парите се малигни и штетни за Македонија, затоа што ВМРО-ДПМНЕ е основата на македонскиот обичен човек кој верува во Македонија, потенцираше Ѓорчев.