Поранешниот амбасадор во Бугарија, Марјан Ѓорчев, во вечерашното гостување во емисијата ,,Само вистина” кажа дека она што вчера се случи а власта еуфорично го најави, не беше никаков почеток на преговори на Република Македонија со ЕУ, туку една фаза во отпочнување на тој процес, или политичка меѓувладина конференција условена со промена на Уставот.

– Она што вчера се случи има симболично значење, едно убаво припремана европска театрологија и јас би рекол, бидејќи исто така сум долги години во овој процес, дека ние почнавме 9 април 2001 година со спогодбата и тоа беше досега една основна правна и политичка рамка во која што Македонија чекореше кон ЕУ и 13 пати двојните стандарди на Европската унија нѐ спречуваа во 2008 година па до денес да отпочнеме преговори. И покрај тоа што Европската комисија, тоа е Европска влада даваше препораки а потоа политичките лидери на ЕУ независно како се викаа не ја почитуваа својата Европска влада поради, би рекол поради тривијални работи, непостоечки работи, непочитување на одлуката на судот на правдата во Хаг и непочитување, еве конкретно со Бугарија, на пресудите на својот исто суд за човекови права во Стразбур.

Така што мислам дека оваа театрологија, јас би ја нарекол и демократска мимикрија со демократијата затоа што Македонија е повторна жртва а се фаворизира, со она што се донесе како документ т.н. француски предлог кој што не е француски предлог туку е трипартитен договор помеѓу Македонија, Франција и Бугарија за тоа како треба да изгледа преговарачката рамка и заедничката изјава на ЕУ за првата меѓувладина конференција и протоколот како дел од она што претстанува член 12 од Договорот за пријателство – рече Ѓорчев.

Ѓорчев рече дека нѐ чека уште многу долг пат до вистински преговори по кој веќе 21 година одиме и мисли дека Европската унија со ваквиот предлог каков што го даде, ни го отежнува патот и ќе биде уште потешко.