Членот на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев во Њујорк учествуваше на тркалезна маса и на форумот на Форин полиси (Foreign Policy), водечкиот светски магазин за надворешна политика и меѓународни односи.

Ѓорчев имаше свое обраќање на тркалезната маса “Улогата на технологијата во зајакнувањето на демократијата во светот”, заеднички организиран од Форин полиси и Гугл.

Водител и домаќин на тркалезната маса беше Рави Агравал, главниот уредник на Форин полиси.

Исто така, Ѓорчев присуствуваше на Форумот за технологија на Форин полиси во Њујорк. Главните теми беа поврзани со технологијата, учеството на граѓаните во демократските процеси и вкупните состојби во меѓународните односи.

Официјални партнери на Форумот се Гугл, ИБМ, Квалком и Фејсбук.