Тука сме во Ѓопчели во Дојран да имаме средби со граѓаните, да дискутираме и зборуваме. Тука е повеќе турско население а претходно бевме во Село Фурка каде е повеќе македонско население, истакна членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Владимир Ѓорчев при денешната теренска активност на ВМРО-ДПМНЕ.

„Проблемите се исти, проблемите ги тиштат граѓаните буквално секој ден затоа што оваа Влада на Димитар Ковачевски направи катастрофа низ цела Македонија во секое Село и Општина. Тука сме да ја најавиме програмата на ВМРО-ДПМНЕ, Владата на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски“, рече Ѓорчев.

Ѓорчев додаде дека тука се за да се врати надежта во Македонија.

„Одиме од Село до Село и од човек до човек затоа што ова е Македонија затоа што сме силно мотивирани и затоа што треба да дојде подобар ден и подобро утре во Македонија“, посочи Ѓорчев.