Ѓорѓиевска, денеска во Њујорк учествуваше на настанот по повод 30-годишнината од глобалната 16-дневна кампања против родово базирано насилство, што се одржува на маргините на 76. Генерално собрание на Обединетите нации. Домаќини на настанот се Центарот за женско глобално лидерство и Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА).

Како што пренеусваат од кабинетот на претседателот, на настанот се дискутирале резултатите од кампањата во изминативе три децении во однос на унапредувањето на националните и глобалните агенди за елиминирање на родово базираното насилство. Посебен фокус на настанот бил ставен и на проширувањето на кампањата со прашањето за најекстремната форма на насилство врз жените – фемициди, односно убиства на жени врз основа на род.

Ѓоргиевска истакнала дека со оглед на тоа дека земјава ја усвои Истанбулската конвенција, во тек се процеси за операционализација на конвенцијата преку измени во националното законодавство и негово усогласување со Конвенцијата.

– Со новите законски решенија за спречување и заштита на родово насилство и семејно насилство се предвидени одредби што овозможуваат специфична заштита за жените жртви на различни форми на насилство, преку воспоставување специјализирани услуги за помош и поддршка насочени кон унапредување на системот за поддршка на жртвите, споделила таа.

Дополнително, истакнала дека а е потребно да продолжи успешната соработка со агенциите на ОН, јавните институции, граѓанскиот сектор, медиумите и активистите, соработка која носи придобивки за подигање на јавната свест и справувањето со родовото базирано насилство.

Таа ја споменала и важноста на економската независност која што им овозможува на жените да бидат сигурни да ги напуштат небезбедните домови и да бараат правда, едукацијата на младите во однос на родовата еднаквост и почитувањето на човековите права.

– Неопходна е и емпатија, бидејќи никој од нас не смее да биде нем сведок на насилство, изјавила таа, посочувајќи дека сите мораме да покажеме емпатија кон жртвите на родово базирано насилство и да им помогнеме да се реинтегрираат во општеството.