Почитувани граѓани,

Во моментов на територијата на општина Битола се работи на 16 локации, а се е подготвено за започнување на уште 6 нови. Градоначалникот Тони Коњановски и локалната самоуправа континуирано се посветени на реализацијата на програмата и решавањето на проблемите на граѓаните и покрај сите обиди за сопки и опструкции.

Парите на граѓаните се трошат исклучиво наменски, што потврдува и фактот дека 23 проценти од вкупните 25 реализација во првиот квартал годинава, се потрошени за капитални инвестиции односно инфраструктура.

Денес има повеќе од 121 милион денари на сметката на општина Битола и има нула денари доспеани обврски кон добавувачи. Таква е, почитувани граѓани, финансиската кондиција на општина Битола, а се друго е голема лага и груба манипулација од страна на СДСМ.

СДСМ и останатите советници кои ги поддржаа во нивната деструктивност се директно против развојот на општина Битола и директно против волјата на мнозинството граѓани изразена на локалните избори. СДСМ и останатите во Советот сакаат да изигруваат власт без легитимитет од граѓаните на Битола. Нивната намера за блокирање на работата на Советот е всушност блокирање на сите проекти за доброто на битолчани, а ние сме решени да ги реализираме и не отстапуваме од тоа! Деструктивноста, неработењето, импровизацијата, ароганцијата, се одлика на СДСМ и кога се во опозиција и кога се на власт.

Тие бесрамно, дрско продолжуваат со манипулациите, лагите и клеветите, и тоа со лични напади и дискредитација, во што се вистински мајстори.

Одамна е поминато времето на голото политиканство, евтините импровизации и глумењето загриженост, состојбите се подобруваат исклучиво со работа и мерливи резултати, а само вие почитувани граѓани одлучувате кому му ја давате својата поддршка!