„Ние во оваа активност не влеговме сакајќи да добиеме политички поени нема политика во тоа да сакате да биде безбедно за здравјето на граѓаните околу вас и да сакате да имате чиста околина околу вас без при тоа да нападнеме било кого и да впериме прст во некого. Влеговме да го исчистиме отпадот онолку колку што можеме со помош на нашите колеги во услови кога имаме целосна блокада на една институција“, истакна градоначалникот на општина Кисела Вода и претседател на ЗЕЛС Орце Ѓорѓиевски во денешното гостување во емисијата „За или против“ на телевизија Алфа.
Тој додаде дека сите граѓани не знаат дека надлежност на комунална хигиена е чистењето на ѓубре.
Не можам како одговорен и млад политичар да го доведам во ризик здравјето на моите сограѓани и влеговме најдобронамерно да помогнеме во целиот процес, кажа Ѓорѓиевски.
Тој истакна дека најмалку што требаше да направат во ЈП „Дрисла“ е да ги отворат капиите и да има брз трансфер.
Врз основа на нешто што го споменав денеска а тоа е одлуката за прогласување на градежен објект „Депонија Дрисла“ за регионална депонија на скопскиот плански регион при што под член 1 се прогласува градежен објект „Депонија Дрисла“ за регионална депонија на скопскиот плански регион и во член 2 пишува дека одлуката влегува на сила наредниот ден од денот на донесување а ќе се објави во службен гласник на општините и Град Скопје во истата спаѓаат Град Скопје, Аеродром, Бутел, Гази Баба, Ѓорче Петров, Центар, Сарај и сите останати од скопски плански регион и на 12.07.2011 година е донесена одлуката и не смеат да не вратат, вели Ѓорѓиевски.
Тој запраша како ако немало договор со ЈП „Дрисла“ некој го примал нашиот отпад во четвртокот, петокот и месеци наназад ?
Некој да се изживува злоупотребувајќи ја службената положба слушајќи насоки од некого и да остави повеќе од час и половина служби вработени луѓе од Општина Кисела Вода, Аеродром и останатите општини да стојат пред врата во недела е недозволиво, изјави Ѓорѓиевски.
Тој заклучи дека најмалку што треба за ова да се направат е да се извинат на нашите сограѓани затоа што ако не ги држеа во заложништво возилата пред „Дрисла“ наместо да се направеа 2 – 3 тури ќе се направеа 15 тури до сабалје и ќе беше почисто.