Ѓорѓиевски: Јас за четири години ќе ги решам поголемиот дел од проблемите на граѓаните

Ѓ

Јас за четири години ќе ги решам сите проблеми на граѓаните, и со атмосферска и фекална канализација, и со водоводни мрежи. Јас пред некој ден имав чест да се запознам со еден господин кој што буквално плачеше пред мене, од населба Стаклара, кој што ми кажа дека по два километри во 21 век оди со шишиња за да ги полни со вода за да на дечињата им однесе да пијат дома. И тоа е поразително за мене како млад човек. Од друга страна капитална инвестиција и успех на градоначалник не е асфалтирање на улица, нагласи Орце Ѓорѓиевски, кандидат за градоначалник на општина Кисела Вода при своето гостување во емисијата „Студио 10“ на телевизија 24.

Скопје 07.09.2021. 11:57

Ѓорѓиевски додаде дека да нема градоначалник од типот на Темелковски многу експедитивно ќе се изработуваат проектите.

-Улица „Речиште“ во Драчево по два пати ја прекопуваа и асфалтираа. За тоа што од наша страна како советничка група беше констатирано дека по сантиметар ипол, два сантиметри асфалт вградуваа во истата. Тврдеа дека не е така, па после тоа ја прекопуваа истата и се одново се работеше, тоа е еклатантен пример како се прави злоупотреба на средствата од граѓаните. Од друга страна во населба Усје ивичњаците кои што беа поставени ги вадеа за тоа што се раздробеа ивичњаците после 3-4 месеци од поставувањето на истите. Значи она што се работи не се работи онака како што треба, појасни Ѓорѓиевски.

Ѓорѓиевски посочи дека ветува изградба на две нови градинки една во с. Драчево, една во урбаниот дел во Кисела Вода, поликлиника во Кисела Вода. Ако државата не е спремна да го обезбеди објектот, тој ќе го изгради објектот за поликлиника како Општина Кисела Вода.

-Од 135 ветени проекти во 2017-та година има реализирано 12, делумно реализирано 22 проекти, а 101 нереализиран. Значи ваков дебакл јас да доживеам во животот, јас нема да имам храброст да го довршам мандатот и предвреме би си заминал, а не да барам доверба за нови четири години, рече Ѓорѓиевски.

Ѓорѓиевски додаде дека мандатот на Темелковски ќе се памети по грубата партизација и преблокирање на Општината со партиски вработувања од разно разни општини, и по насилната бетонизација на општината. Граѓаните не видоа ниту еден единствен проект.

-Филип Темелковски четири години говори за градинка во населба Драчево, во четири години Филип Темелковски во таа градинка не успеа ниту лента да пресече и да овозможи барем едно детенце да влезе и да биде сместено таму. Зборуваме за најкатастрофален биланс на реализација на проекти било кога случено во минатото на нашите простори во Кисела Вода, појасни Ѓорѓиевски.

Ѓорѓиевски посочи дека тој нема да биде градоначалник како Темелковски да плаче и да се жали, туку ќе ги решава проблемите на граѓаните.


Подкаст

Подкаст