Градоначалникот на Општината, Орце Ѓорѓиевски, кој беше на терен заедкно со службите, изјави дека ова е првиот чекор кон финалното отстранување на сите депонии.
Тој најави дека по целосното расчистување на ова место, на површина од околу 4.000 м2, ќе се направи зелен парк кој ќе нуди и многу дополнителни содржини. Како што посочи, ќе се изгради детско игралиште, катче за пензионери, ќе се постават клупи и корпи за отпадоци.
-Ова е првиот чекор кон финалното отстранување на сите депонии во оваа општина. Кисела Вода мора да биде чиста општина, затоа што тоа го ветивме и на тоа се обврзавме, рече градоначалникот Ѓорѓиевски.