Ѓорѓиевски: Нудиме целосно инфраструктурно решение за улицата “Наум Охридски”

Ѓ

Општина Кисела Вода започна со реконструкција на улицата “Наум Охридски” во населбата Црниче.

Скопје 03.11.2021. 15:40

Општина Кисела Вода започна со реконструкција на улицата “Наум Охридски” во населбата Црниче. Ќе биде целосно асфалтирана, а ќе добие и нов тротоар и осветлување.

Паралелно, на оваа улица се гради и нова атмосферска канализација, со што граѓаните ќе добијат комплетно решение за проблемите предизвикани од уништениот асфалт и таложењето на атмосферските води по улицата.

-Носиме одржливо и целосно решение, градиме нова атмосферска канализација која конечно ќе го реши проблемот кој атмосферските води го создаваа за нашите сограѓани кои живеат под оваа улица. Улицата ја асфалтираме по целата нејзина должина, а истата ќе добие и нов тротоар и осветлување. Кисела Вода ќе биде модерна и урбана општина, истакна градоначалникот Орце Ѓорѓиевски кој изврши увид во почетните градежни активности  на улицата “Наум Охридски”, истакна Ѓорѓиевски.


Подкаст

Подкаст