-Ние сме генерално би рекол во напредна фаза со градежните активности за изградба на паркот. Сега не очекуваат и знаете подобри временски услови и уште поинтензивно ќе се работи, така да во оваа пролет би требало да финишира се и да биде веќе паркот ставен во функција за нашите сограѓани, истакна Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на општина Кисела Вода во „Утрински Брифинг“.

Ѓорѓиевски додаде дека паркот ќе се протега на простор од околу 4.000 метри квадратни.

-Овој парк ќе биде на површина на некаде околу 4.000 метри квадратни. И ќе се нудат најразлични содржини за сите буквално генерации од зеленило, хортикултурно уредување, урбана опрема ќе има, клупи, летниковци, патеки за шетање, воден ѕид ќе има односно водопад – фонтана ќе биде тоа што ќе биде поатрактивна, досега нешто што го немало на територија на општина Кисела Вода, појасни Ѓорѓиевски.
Ѓорѓиевски посочи дека и најмладите ќе имаат содржина во паркот и притоа ќе се изгради детско катче.

-На влезот веќе е поставен јарбол со македонското знаме, нагласи Ѓорѓиевски.