Ѓорѓиевски ветува реални резултати, а не само празни ветувања

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, на народниот митинг во општина Ѓорче Петров ја доби поддршката од граѓаните. Тој ветува реални резултати и истакна дека со посветена работа ќе го направи Скопје град на гордост за сите жители, нагласувајќи дека довербата на граѓаните е клучна за успехот на изборите.

Апел за посветеност и гордост во заедничката битка за Скопје

„Вечерва сум тука пред вас не само да ви ја побарам поддршката, туку и да ви го дадам мојот збор дека по изборите секој еден од вас, кој сега е мојот глас до граѓаните, ќе оди гордо по ѓорчевските улици. Со крената глава ќе можете да го погледнете секој еден ваш сосед, роднина, пријател и ќе имате силен аргумент дека не сте барале поддршка само за политичари кои ветуваат туку за политичари кои ќе работат. Јас сум човек кој исполнува даден збор, посветено работи за своите граѓани, за својот град и општина. Знам дека заедно можеме да ја поведеме оваа наша битка, битка за нашето Скопје и таа битка ја почнуваме токму од овде денес од Ѓорче Петров,“ рече Орце Ѓорѓиевски на митингот.

Тој нагласи дека Скопје повеќе нема време за изговори.

„Скопје нема повеќе време за експерименти, на Скопје му треба докажана работа. На Скопје ќе треба да го дадеме својот максимум, со љубов и да гледаме на предизвиците како на решенија во перспектива. Можеме заеднички да изградиме град кој што ќе биде наша гордост, но и огледало за цела наша држава,“ истакна Ѓорѓиевски.