Градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски во пресрет на Бадник и Божиќ денеска подели пакети со храна на неколку социјално загрозени семејства.

Тој по овој повод сподели статус на Фејсбук:

„Во очекување на најрадосната вест за нас Христијаните, најважно е истата радост да ја споделиме со другите, да си помагаме кога е најтешко и да бидеме заедно во добро и во лошо.

☦️ Големи денови се пред нас, а човечката големина се покажува со дела.

📦 Токму затоа, денес посетив неколку семејства од социјален ризик на кои им поделивме пакети со прехранбени продукти и се потрудивме со мало внимание да им ги разубавиме празниците.

🤝 Да знаат дека не се сами, да знаат дека мојата рака секогаш ќе биде нивна поддршка и во убавите, но и во тешките времиња.

🏡 Сите заслужуваат топол дом и празнична трпеза и јас, онолку колку што можам ќе бидам тука за мојот народ.

✌️ А сите ние, да се стремиме да бидеме уште подобри луѓе, да си помагаме и да си подаваме рака, секаде да пристапуваме со добрина и љубов бидејќи тоа е највозвишената човечка особина.

Да менуваме преку хуманоста!

❤️ Да сте ми здрави и живи!, стои во неговиот пост на Фејсбук.