Според него, плански се искористуваат расположливите ресурси, при што особено е значајна поддршката од воздух од Армијата и помошта добиена од соседните земји, како и ЕУ и НАТО механизмот за цивилна заштита.
– Научените лекции од прогласената кризна состојба, јаките и слабите страни, како и евентуалните недостатоци во справувањето со пожарите, ќе го направат пофункционален системот и надминување на слабостите преку градење на нов концепт на систем за управување со кризи и заштита и спасување,но сега не е време да се зборува за тоа, важно е успешно да се справи постојниот систем на државата со пожарите, вели Ѓуровски, кој е доктор по безбедносни и одбранбени науки.
Тој најави дека тим на универзитетски професори ќе излезе со посебни препораки по справување со пожарите и завршување на кризната состојба.
– Во овие тешки времиња, најважно е сите да сме под едно исто знаме и да се справиме со пожарите,кои се последица на природни и на технички причини, како и нивно подметнување од економски и други различни побуди, порача Ѓуровски.