Без проблеми започна гласањето во КПД „Идризово“
Гласањето во КПД „Идризово“ за локалните избори започна на време. Од Избирачкиот одбор на избирачкото место 2536 информираат дека се одвива без проблеми.
Претседателката на избирачкото место, Јадранка Митиевска, изјави:
„Гласачкото место се отвори на време. Гласањето почна во 7:00 часот и тече во најдобар ред. Се надевам дека и до крајот на гласањето ќе остане така.“
Таа посочи дека вкупниот број на избирачи на ова место е 1084,. До 10 часот утрово гласале околу 10 проценти од затворениците.
Митиевска додаде дека гласањето ќе трае до 19:00 часот и дека се надева дека процесот ќе се одвива во ред и до крајот на денот.