Во втор круг ќе се гласа во Град Скопје и во општините: Арачиново, Битола, Боговиње, Брвеница, Василево, Вевчани, Врапчиште, Гевгелија, Гостивар:, Дебарца, Демир Капија, Демир Хисар, Долнени, Желино, Зелениково, Карпош, Кичево, Конче, Кочани, Кратово, Куманово, Лозово, Македонска Каменица, Македонски Брод, Ново Село, Охрид, Пехчево, Пробиштип, Радовиш, Ранковце, Ресен, Росоман, Старо Нагоричане, Струга, Студеничани, Теарце, Тетово, Центар, Чаир, Чашка, Чешиново-Облешево, Чучер Сандево и Шуто Оризари.

Во првиот круг на 17 октомври, ВМРО-ДПМНЕ освои 22 градоначалнички места, СДСМ 9 и ДУИ 2. Правото на глас го оствариле 938.631 граѓани, односно излезноста изнесува 51,44%.

И покрај многуте општини, „најважната“ битка е онаа за градоаначалник на скопската метропола. Тука во вториот круг влегоа Шилегов од СДСМ и Арсовска како независна кандидатка поддржана од ВМРО-ДПМНЕ. По првиот круг, Арсовска е во предност со 9000 гласови.

Рокот за пријавување за гласање во вториот круг на изборите на лицата со Ковид-19 и во изолација истекува на 25 октомври.
Болните и немоќните, лицата со Ковид-19 и во изолација, како и затворениците, лицата во притвор и во старските домови гласаат еден ден пред изборите, односно на 30 октомври.