На денешната панел дискусија на тема „Претседател на народот, заштитник на сувереноста, Уставот и законите“ зборуваше Александар Климовски, универзитетски професор каде истакна дека една од должностите на претседателот на државата е принципот на владеење на правото и дека идниот претседател треба да изнајде најдобри решенија и да носи најдобри одлуки во развојот на општеството.
-Принципот на владеење на правото секако е една од должностите на претседателот на државата, но за да дојдеме до тоа како тој треба да го остварува овој принцип потребно е претходно да ја скицираме профилната слика на еден вистински претседател. Политичката теорија препознава две компоненти на тоа како еден претседател треба да изгледа, тоа се: правно-политичката компонента и личната односно морално-интегративна компонента. Политичката компонента токму го подразбира почитувањето на принципот е на владеењето на правото и особено заштита на уставниот поредок. Додека моралната односно личната компонента на еден профил на еден претседател подразбира оној збир на основни човекови вредности, а тоа е морал, доследност и конзистентност во носењето на одлуките во развојот на општеството. Од тие причини идниот претседател треба да биде стожер на различни ставови, различни мислења кои доаѓаат и од различни поединци, групи да можат тие да бидат спротивставени, но тој треба да има доволно капацитет носејќи ги овие компоненти во себе да може истите да ги синтетизира истите спортивставени ставови, да ги помири и да изнајде најдобри решенија и да носи најдобри одлуки во развојот на општеството, рече Климовски.
Професорот Климовски во текот на своето обраќање се осврна и на моменталниот претседател на државата, Стево Пендаровски кој заедно со власта го поттикнуваше принципот на невладеење на правото кој што го голема мера и владата го практикуваше во овие 7 години.
-Ние имаме моментално еден претседател кој што е дел од таа извршна власт заедно со владата кој што го промовираше и го поттикнуваше практично принципот на невладеење на правото кој што во голема мера владата го практикуваше во овие 7 години. Платформа на непочитување на тој принцип на владеење на правото беше една штетна замена за тези што значи мултиетничко општество бидејќи тие дојдоа со паролата „едно општество за сите“, тоа значеше едно општество за сите. Меѓутоа никаде во современите парламентарни демократи постои мултиетничко општество, а не мултиетничка држава. Но тие користејќи го терминот мултиетничко општество практично ја создадоа мултиетничката држава, а мултиетничката држава доведе до тоа да ние имаме владеење на малцинството врз мнозинскиот народ во Македонија. Како алатка ја воведоа злоупотребата на правилата на европското знаменце. Тука мислам дека е најголемото кршење на владеење на правото, кажа тој.
На панел дискусијата се осврна и професорката Тања Каракамишева каде потенцираше дека многу малку знаат дека претседателот може да биде стожер на републиката, олицетворение, да биде лидерот, водачот по кој што ќе биде препознатлива државата.
– Ние денеска зборуваме за претседателот на република, многумина од нас можеби ги знаат уставните надлежности, но не можат да ја видат пошироката слика. Она што е набројано во уставот и законите е јасната нормативна рамка, во која рамка треба да се движи претседателот и неговите извршувања на неговите надлежности. Но морам да забележам дека нормативната рамка е едната страна медалјата, онаа друга страна на медалјата за која што многу малку зборуваме е прашањето како сите тие нормативни надлежности се реализираат во пракса. Многу малку знаат и граѓаните и политичарите дека претседателот без разлика што можеби согласно уставот нема некои големи надлежности и често пати се споредува со британска кралица или британски крал и многу малку знаат дека и те како може да биде стожер на републиката, да биде олицетворение, да биде лидерот, водачот по кој што ќе биде препознатлива државата, но и граѓаните ќе се чувствуваат дека околу претседателот практично може да се соберат сите граѓани и да бидат водени од претседателот и да имаат визија за тоа каде е нивното место во рамки на меѓународната заедница но и на домашен терен, вели Каракамишева.
Професорката Каракамишева во текот на своето обраќање посочи дека во последните години претседателот на републиката многу малку се интегрира околу интегрирање и симбиотично делување во рамките на нацијата.
-Она кое можат да го забележат е дека во последниве децении е дека претседателот на републиката многу малку се интегрира околу интегрирање и симбиотично делување во рамките на нацијата. Ние немаме никакви обиди од страна на претседателот да се направи некаква мрежа интелектуална, образовна но и секаква друга мрежа прво внатре на поединци кои ќе делуваат внатре во рамките на системот и преку таа мрежа да бидат претставени нашите интереси надвор, додаде таа.