Кемал Киличдароглу, главниот противник на Реџеп Таип Ердоган, денеска ја обвини Русија дека е одговорна за објавување на монтирани материјали на социјалните мрежи.
Тој ги обвини „руските пријатели“ дека објавуваат монтирани видеа и дип фејк клипови за противниците на Ердоган, пренесува Ројтерс.
Дип фејк е всушност едитирана содржина во која личност од постоечка слика или видео се заменува со друг лик и со помош на вештачка интелигенција генерира визуелна и аудио содржина со која може да се манипулира јавното мислење.
– Ако сакате да го продолжиме нашето пријателство и по 15 мај, тргнете ја шепата од турската држава. Сè уште сме за соработка и пријателство – напиша Киличдароглу на Твитер.
Претседателските избори во Турција ќе се одржат во недела на 15 мај, а според анкетите на јавното мислење Киличдароглу моментално има мала предност пред актуелниот претседател Ердоган.