Координација за слобода на навигација
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска присуствуваше на виртуелен состанок по покана на британскиот министер за надворешни работи, Ивет Купер. На состанокот беа присутни повеќе од 30 министри за надворешни работи од Европа и светот.
„Состанокот беше посветен на координација на меѓународните напори за обезбедување на слободата на навигација и повторно отворање на клучниот поморски коридор во Ормускиот теснец, во услови на зголемени безбедносни ризици и нарушувања на глобалните енергетски и трговски текови,“ информираат од Министерството за надворешни работи.
