Осомничен за убиство во Сретеново
Основното јавно обвинителство во Гевгелија ќе започне истражна постапка против лице осомничено за убиство, за кое постојат основани сомнежи дека сторило кривично дело.
Случајот се случил на 1 ноември попладнето, во близина на угостителски објект во селото Сретеново, Општина Дојран. Осомничениот со умисла лишил од живот едно лице, негов пријател, со кого заедно седеле на скалите и пиеле.
Вербална расправија прераснала во смртоносна пресметка
Според обвинението, меѓу нив настанала вербална расправија која преминала во физичка пресметка. Осомничениот најпрво го удирал оштетениот со раце и нозе, а потоа и со метална шипка. Удариот нанесле повеќе од десетина скршеници на раце, нозе и череп.
Нападот траел речиси половина час, при што оштетениот не успеал да се одбрани, се здобил со тешки повреди и обилно крварење, а осомничениот го оставил на скалите и побегнал.
Случајни минувачи го забележале повредениот, повикале итна помош и тој бил пренесен во Медицинскиот центар во Гевгелија, но починал како резултат на здобиените повреди.
Предлог за притвор
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка доставил предлог за определување мерка притвор за осомничениот. Причината е постоење опасност од бегство и можност тој да ја попречува истрагата со влијание врз сведоците кои треба да бидат испитани.
