Интервенција по дојава кај наплатна станица Глумово

Утрово, на 30 јули 2025 година околу 08:00 часот, во СВР Скопје било пријавено дека едно лице подметнува пожар на автопатот Скопје – Тетово, во близина на наплатната станица Глумово. Полициски службеници веднаш интервенирале и на лице место го затекнале осомничениот.

Затекнат при палење ѓубриште и трева

Станува збор за Р.З. (59) од село Арнакија, општина Сарај, кој бил фатен додека потпалувал ѓубриште и сува трева во близина на штала со добиток. Пожарот бил изгаснат од страна на екипа на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје.

Следува пријава по документирање на случајот

Осомничениот бил лишен од слобода и приведен во полициска станица. Од МВР информираат дека по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.