Столбот на државната безбедост заслужува повисоки плати! Раководството на Независниот синдикат на полицијата на вчерашната седница донело одлука, преку предупредувачки протест да ја алармираат власта дека покачување на платата треба и мора да има и во секторот за внатрешна безбедност. Претседателот на Независниот Синдикат на Полицијата (НСП) Гоце Делчев Тодев вели дека во сабота за протестот не го мобилизираат целото членство, очекуваат Владата да ги сослуша и да се изнајде решение во корист на сите вработени во полицијата.

Лидер: Кои се барањата на Независниот Синдикат на Полицијата и што е одлучено за в сабота?

-За сабота е веќе најавен предупредувачки протест под мотото ,, Протестен Марш“ со почеток од 10 часот. Започнуваме од пред просторите на НСП ( кај трговскиот центар Ист Гејт), а протестот ќе заврши пред Владата. Протестот го нарековме предупредувачки бидејќи не го алармираме целото членство, не ги алармираме сите вработени, а вчера донесовме одлука да бидат поканети односно известени раководствата на Македонскиот полициски синдикат и Синдикатот на полицијата на Македонија.
Прашањето за кое вработените во полицијата после долг временски период излегуваат на улица на овој Протестен марш е повеќе од јасен. НСП на 7 февруари официјано достави документи до Премиерот, до Вицепремиерот во Владата, до Министерот за внатрешни работи, Барања за соодветно покачување на платата, односно услогласување на платата и почитување на зконите кои се врзани со перманентно покачување на платите во однос на ова што е терминолошки познато, услогласување на платите.

Лидер: Од кого добивате поддршка за овој Протестен марш?

-Досега сите информации кои се слеваат до оперативниошт штаб за Протестниот Марш , веќе се најавени раководствата на судската полиција, на шумската полиција, затворската полиција, на дел од останати синдикални структури од конфедерацијата на синдикати. Меѓутоа нивниот број нема да биде голем, бидејќи идејата е во сабота да нема масовен протест. Сакаме само да дадеме мал импулс на потребата, ако е можно ова прашање да го решиме мирно и на маса. Да го решиме соодветно како што го решија со претставниците за зголемување на минималната плата, како што отпочнаа дијалог за зголемување на пензиите и се во преговори да има буџетско покривање за истите. И токму затоа не сакаме да одиме со големи колони и протести, односно со големи протести и масовност на улиците.
Мислам дека ќе наидеме на разбирање од страна на луѓето што ја водат државата во моментов. Ако не наидеме на разбирање ќе донесеме понатака одлуки што и на кој начин ќе ги продолжиме нашите барања за конечно расчистување на ова болно прашање кое со децении веќе е присутно во рамките на полицијата.


Лидер: Рековте услогласување со минималната плата. Имате ли конкретен процент на зголемување коj го барате?

-Едно е покачување на плата, односно барање за покачување на самата плата а ова што ние го бараме усогласување со минималната плата е сосема друго и е друг основ за зголемување на износот на платите на вработените. Два различни поими се. И од таа причина ако одиме и со усогласување и со покачувње значи би било нералано нашето барање.
Како претседател на Независниот синдикат на полицијата барам, Министерот за внатрешни работи , Вицепремиерот и Премиерот, да ги разгледаат нашите барања и корекции во платата мора да се случат час посокоро, затоа што трпението во полицијата е најниско ниво. Се она што гледаат во рамките на државата, во сите сфери во општеството е едноставно во растечки процес во делот на покачување на платите освен во полицијата.

Безбедноста на општеството и државата се заоснова врз една здрава полиција, основа која ќе биде и платена и цената врз основа на нивниот труд во рамките на нивната работа. А тоа во моментов сме сите свесни дека не е како што треба. Затоа што ниските примања на полицајците кои веќе го допираат дното, после 1 март ќе земаат помала плата од минималната!

Во сабота, Предупредувачкиот Марш во 12 часот се позиционира пред Владата. Еден час ќе чекаат средба со ресорните министри и Премиерот кои веќе добиле известување за портестот и барање за средба, а во 13 часот ќе ја информираат јавноста за следните чекори кои ќе ги превземе Синдикатот на полицијата. Гоце Делчев ги повикува сите вработени во структурите на полицијата да ги поддржат нивните барања затоа што тие не преговараат само во име на Независниот синдикат, туку бараат повисоки плати за сите полицајци.