Во интервју за Дојче веле говореше премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Премиерот се осврна на претстојните локални избори и истакна дека очекува убедлива победа, како и дека победата ќе значи пред сè одговорност и ќе биде заснована на работа.

-Таквата победа за нас е пред сè одговорност и ќе биде заснована на нашата работа. Имаме година без ниту еден скандал во локалната самоуправа, со многу вратени стари долгови во општините што беа блокирани, со многу почнати нови проекти, но и еден поинаков однос кон решенијата – проблеми што се решаваат заедно со граѓаните, рече Мицкоски.

Мицкоски додаде дека градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ се секогаш достапни за народот, ги решаваат проблемите на граѓаните и се вистински избор за заедничка иднина.

-Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ можете да ги видите по парковите, градилиштата, маалата, улиците – достапни за народот. Очи в очи да разговарате, да дебатирате, да критикувате. Знам дека не може да се решат сите проблеми, ниту тоа сме ветиле, но затоа се трудиме со сите сили да решиме што е можно повеќе и да не заборавиме ниту за миг сè што ветивме. Сево ова постигнато во услови на тешка економска и политичка криза, на грчевита борба и опструкции од централната власт. Затоа верувам дека овие луѓе се вистинскиот избор за заедничката иднина, истакна премиерот Мицкоски.