Годишно до 150 пациентки заболени од рак на дојка ќе можат да направат реконструктивни операции на товар на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО). Ова денеска го најави в.д. директорот Сашо Клековски.

Клиниката за пластична хирургија ќе врши примарни и секундарни реконструкции

Операциите ќе се изведуваат на Клиниката за пластична хирургија во рамки на заеднички буџет со Клиниката за торакална хирургија.

Вознемирувачки тренд во Македонија: Расте бројот на заболени од рак на дојка кај жените на возраст од 45-59 години, во Велешко речиси двојно од 2020 година

„Поставувањето на оваа услуга во условен буџет ќе спречи префрлување на одговорноста. Ќе овозможи директно плаќање според потребите на пациентите. Ова не е естетска интервенција, туку составен дел од третманот на пациентките со рак на дојка“, изјави Клековски.

Тој информираше и за тековниот недостиг на биолошка терапија на Клиниката за радиотерапија и онкологија. Посочи дека само еден лек е во дистрибутерска дефектура, но очекува до петок да биде објавена годишната набавка на лекови.

„Оваа набавка ќе обезбеди стабилно снабдување со терапија во текот на целата година и почетокот на следната“, нагласи Клековски пред почетокот на предавањето „Карцином на дојка“, организирано од ХЕМА-ОНКО во Скопје.

Извор: Република