Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ изјави дека си поставил цел да се натпреварува на Олимписките игри во Лос Анџелес.
– Единственото нешто за кое размислувам во моментов и единственото нешто што ме мотивира се Олимписките игри во Лос Анџелес во 2028 година. Го сакам тенисот и сè уште сакам да фаќам рекет. Сè уште постои тоа дете во мене кое се заљуби во тенисот. Да ја немав таа страст и таа желба да се натпреварувам, немаше да продолжам. Но, сакам да излегувам на теренот со рекет во рацете и да победувам. Тој оган сè уште гори во мене, изјави Ѓоковиќ за „Tennis World USA“.
Триесет и осумгодишниот Ѓоковиќ е победник на 24 гренд слем турнири. Има освоено 100 титули на АТП во поединечна конкуренција и една во двојки во својата кариера.
Србинот има и злато од Олимписките игри во Париз во 2024 година и бронза од Олимписките игри во Пекинг во 2008 година
Извор: Миа