Универзитетската клиника за кардиологија оствари историски напредок

Првата аблација за коморна тахикардија во државата е успешно извршена на Универзитетската клиника за кардиологија.
По овој значаен медицински чекор, клиниката ја посетија министерот за здравство Азир Алиу и генералниот директор на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски.

Тимот од Кардиологија демонстрира висока стручност

Алиу на прес-конференцијата истакна дека тимот од Кардиологија покажал дека македонското здравство располага со знаење, храброст и визија за врвни резултати.

„Ова е голем чекор напред во здравството“, рече министерот.

Директорката на Клиниката, Даница Петкоска Спирова, нагласи дека ова претставува значаен напредок во развојот на електрофизиологијата и потврда за високата стручност и посветеност на тимот.

Навремено и ефикасно лекување за пациентите

„Со оваа процедура овозможуваме навремено и ефикасно лекување на пациентите со сите видови аритмии. Дел од нив досега беа упатувани на третман во странство на товар на ФЗО“, додаде Петкоска Спирова.