Обезбедени се цистерни со вода на три локации во Штип, поради големиот дефект на водоводна линија во Штип. Надлежните од ЈП „Исар” информираат дека  локацијата на дефектот е под филтер станицата на ЈП ,,Исар”, поточно во населбата Дузлак.

Во консултација со службите на ЈП ,,Исар”, санацијата на дефектот треба да трае од шест до осум часа.  Посочуваат дека  од овие причини за граѓаните ќе биде обезбедена вода од цистерна.

Цистерната ќе биде на три пункта, односно локации:

-Од 12 до 13 часот цистерна ќе биде поставена на улицата ,,Христијан Карпош” кај спортското игралиште.

– Од 13 до 14 часот, цистерната ќе биде поставена на улицата ,,Радански пат” во близина на продавница Палестина.
– Од 14 до 15 часот цистерната ќе биде поставена во населбата Деснаци, во близина на спортското игралиште Суитлак.go