Најмалку 54 лица се повредени денеска во голем пожар во Њујорк, од кои 31 се здобиле со повреди опасни по живот, јавија американски медиуми. Повеќе од 200 пожарникари пристигнаа на местото на пожарот што избувна во дуплекс на третиот кат од зграда лоцирана во Бронкс, соопштија официјални лица.
Многу од повредените биле на горните катови во моментот на пожарот, додаваат официјални лица. На местото на несреќата лекарска помош добиле 19 лица, додека останатите повредени се префрлени во локалните болници.Пожарот што избувна во 11 часот по локално време, е локализиран, соопшти полицијата.