Голем пожар попладнево избувна во албанскиот приморски град Саранда, при што огнот зафати дел од зелениот појас над градот и се шири низ густата вегетација.

Пожарот избувнал во областа во близина на хотелот „Туризам“, каде што има засадено борови дрвја, во близина на познатиот манастир „40 маченици“.

Пламенот и густиот чад предизвикале тревога во областа, но и меѓу туристите кои се наоѓаат во Саранда. Засега нема официјални информации за причината за избувнувањето на пожарот.

Според извештаите од терен, огнените јазици брзо се шират низ густата вегетација, создавајќи критична ситуација. Огнот опасно се приближува и до станбени објекти во околината.

На терен веднаш пристигнале противпожарните екипи, кои интензивно интервенираат во обид да го стават пожарот под контрола. Во гасењето е вклучен и хеликоптерот „Кугар“.

Поради брзото ширење на огнот, екипите за итни случаи се максимално ангажирани во создавање заштитни појаси со цел да се спречи натамошното ширење на пожарот.