Голем пожар попладнево избувна на депонија на отворено во скопската населба Маџари, а густ столб од чад се издига и е видлив од повеќе делови на градот.

Градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски, информира дека општинските инспектори веднаш излегле на терен и случајот е пријавен во Противпожарната бригада на Град Скопје.

Пожарникарските екипи во моментов работат на гасење на огнот.

Во меѓувреме, инспекторите заедно со полицијата се обидуваат да утврдат кој го потпалил ѓубрето на депонијата, информира градоначалникот.