Пожарот во Шашица, на околу осум километри од албанскиот приморски град, Валона, продолжува да се шири на големи површини.

– Поради пожарот што се наоѓа на одредена оддалеченост од каменолом, четворица работници останале на работните место за да ги заштитат алатките и опремата. Но, заради зголемената опасност, од работниците е побарано да ја напуштат областа, објави Албанската новинска агенција (АТА).

Противпожарно возило се упати кон нив за да ги евакуира од местото и да се избегне каква било опасност по нивните животи.

– Интервенцијата ја отежнува силниот ветер и недостапниот терен, засега нема опасност по станбените објекти. Надлежните служби ја следат ситуацијата и работат на спречување на ширењето на пожарот, наведува АТА.

Министерството за одбрана објави дека во изминатите 24 часа, на територијата на земјата се регистрирани 34 пожари, од кои пет активни, а четири се под надзор. Во пожарот кој избвнал во текот на ноќта и се уште е активен во селото Линај, Голема Малесија, изгореле неколку ненаселени куќи.

– Вкупно 219 оперативни сили и 35 противпожарни возила се ангажирани во операциите за справување со ситуацијата. Вооружените сили ги поддржаа операциите со 60 лица, еден хеликоптер и два авиони „Ер Трактор“, соопшти албанското МО.