Како што се наведува во соопштението од МВР, при извршен претрес на дом и други простории, врз основа на судска наредба, на подрачјето на Сингелиќ во Скопје, кај А.А.(21) од Скопје, кој не бил затекнат дома, била пронајдена марихуана. Трите лица се приведени, додека за едно лице е распишана потрага.

По комплетирање на целокупната документација за кривично-правниот настан од страна на СВР Скопје до надлежното Јавно обвинителство ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело по чл.215 од Кривичниот законик.