Раст на економијата во вториот квартал

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, на својот Фејсбук профил објави позитивни показатели за македонската економија. Тој се повика на најновите податоци што ги сподели премиерот Христијан Мицкоски, според кои бруто домашниот производ во периодот април – јуни пораснал за 3,4%.

Градежништвото и транспортот како двигатели

Во вториот квартал градежништвото бележи раст од 7,3%, што е поголем пораст во однос на првиот квартал кога изнесуваше 7,1%. Секторот транспорт и складирање, пак, оствари раст од 6,0%, што се посочува како значаен двигател на македонската економија.

Очекувања за уште посилен раст

Николоски нагласи дека со зголемената активност во изградбата на патишта, инвестиции во железници и локални проекти, се очекува уште посилен раст во третиот квартал. Според него, овие резултати се должат на посветеноста на работниците и јасните политики и стратегии на Владата и Министерството за транспорт.

Целиот статус на вицепремиерот Николоски може да го погледнете во продолжение.