Во Тирана денеска се одржа голем собир за поддршка на народот на Украина, кој почна со видеопорака од градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко.
Градоначалникот Кличко во својата порака се заблагодари на официјална Тирана која ја поддржува неговата земја во овие тешки моменти на руската агресија.
– Почитувани граѓани на Албанија! Почитувана Тирана! Драг пријател и колега, Ерион! Најпрво сакам да ви се заблагодарам за засолнувањето на бегалците од Украина, особено на нашите деца. Многу ја цениме вашата политичка и меѓународна поддршка. Вашата помош ни е многу важна во овие критични моменти. Многу го цениме тоа и никогаш нема да заборавиме кои се вистинските пријатели на Украина. Наш главен приоритет е да се запре оваа бесмислена војна во Украина, да се запре убивањето на граѓаните. Ние многу ја цениме вашата помош и многу поздрави од Киев, вели во пораката Кличко.
Градоначалникот на Тирана, Ерион Велиај, упати порака до руските дипломати велејќи „во светот со Путин, изберете да бидете Зеленски“ додавајќи дека е „момент да се каже никогаш повеќе и да се остави службата на крвавиот режим“.
– Имаме отворена врата, отворено срце за народот на Украина сè додека има потреба. Многу сум горд на нашите меѓународни пријатели кои живеат во Тирана и денес ни се придружија. Не сме тука да вршиме притисок врз руските дипломати. Време е да се направи достоинствен чин и да се остави дипломатската служба на една крвава влада, на варварство. Повик до руските дипломати, ова е моментот да кажат „никогаш повеќе“, во служба на еден крвав режим. Во ова море од луѓе, Тирана е поевропска од кога било досега, јас сум многу горд на секој од вас. Во светот со Путин, изберете да бидете Зеленски, истакна Велиај, кој на бината беше заедно со украинскиот амбасадор Володомир Шкуров.
Се обрати и американската амбасадорка Јуриј Ким која остро ја осуди руската агресија во Украина. Од протестите организирани за поддршка на Украина, на плоштадот „Скендербег“, Ким изјави дека Путин направил лоши пресметки и наишол на отпор од Украинците.
– Велам дека нема луѓе, личности, посилни од Албанците, кои многу добро знаат што значи да ти се негира постоењето, кога некој е против вас.. Неможноста да се даде гроб на мртвите. Никој не ја знае подобро вредноста кога некој ќе му помогне на пријател во неволја. Ви се придружувам во изразувањето на солидарноста и пријателството кон Украина, рече меѓу другото Ким.
Укранскиот амбасадор Шкуров, откако им се заблагодари на албанските власти, народот и градоначалникот Велиај за поддршката, упати повик „целиот свет да воведе многу построги санкции кон Русија“.
Во Албанија моментно се сместени околу 400 укрански бегалци, меѓу нив и млади спортисти-атлетичари.