Серија апсења од утрово се спроведуваат во рамки на голема полициска акција која се одвива во скопски Грчец, дознава Press24 од полициски извори.

Како што информираат полициски извори, на удар е позната група од ова село во околината на Скопје. Истовремено, претреси се вршат и во Дуќанџик и Чаир како и на други локации. Според се уште неофицијалните информации, веќе се приведени неколку лица.

Неофицијално, оваа група се поврзуваше со повеќе кривични дела меѓу кои трговија со дрога, киднапирања и убиства. Оваа акција е во тек, детали се очекува да соопшти полицијата во текот на денот