Во тек е голема акција на Зелен пазар во Скопје, во која учествуваат неколку единици, а за цел имаат заплена на нелегална продажба на тутун и цигари.

Како што дознава „Република“, се претресуваат повеќе тезги, дуќани, подруми, во кои е запленета нецаринета тутунска роба.

Повеќе официјални информации се очекуваат во текот на денот.