Четири лица меѓу 22 и 43 години се меѓу приведените во полициска акција. Големата акција се одвивала во текот на вчерашниот ден во Кочани кога бил извршен претрес во приватен станбен објект. При претресот, била пронајдена прашкаста материја и хероин.
Четирите лица биле во објектот при упадот на полицијата и консумирале од дрогата која била во објектот. Тројца од приведените биле од Кочани, а едно лице било од Пробиштип. Користеле од дрогата која била пронајдена.
Внатре била откриена кафеава прашкаста материја, кафеава грутчеста материја, дигитална вага и пари во различни апоени.
Одземената дрога била предадена на вештачење.