Со силно полициско присуство и специјалци од рано утринава се спроведува координирана акција против нарко подземјето во Скопје, Штип, Струмица, како и во селото Грчец, Скопско, објави неофицијално порталот Курир.
На удар е криминална мрежа поврзана со нелегална трговија со кокаин, а според првичните информации се вршат претреси на околу 15 локации и опфатени се повеќе лица од криминалното подземје.
Неофицијално, според Курир, во рацете на полицијата наводно паднале и имиња добро познати во криминалните кругови, меѓу кои се споменуваат Покрајчевалиев, Бојаџиски, Коцев, Веле.
Се очекува официјална потврда од институциите, но ако информациите се потврдат ова ќе значи прилично длабоко „орање“ низ подземјето во последните години, што е е сигнал дека борбата против нарко-криминалот влегува во нова, поагресивна фаза.
