Во Штип се спроведува полициска акција во рамки на истрага поврзана со Управата за јавни приходи, при што е приведен поранешен раководител на подружница на УЈП.
Од МВР и обвинителството најавуваат дека во текот на денот ќе излезат со повеќе информации за случајот.
Граѓаните во меѓувреме се повикуваат да имаат доверба во институциите и да ја следат официјалната комуникација за евентуални дополнителни мерки или информации.
Од МВР велат дека ОВР Кочани во соработка со Одделот за криминалистичка полиција по насоки на ОЈО Кочани преземаат повеќе активности на неколку локации низ државата.
-Полициски службеници од СВР Штип, ОВР Кочани во соработка со Одделот за криминалистичка полиција по насоки на ОЈО Кочани преземаат повеќе активности на неколку локации низ државата. По завршувањето на акцијата јавноста ќе биде соодветно известена, велат од МВР.
