Земјоделците од повеќе реони и од речиси сите гранки вчера се собраа на предупредувачки протест во центарот на Прилеп. Прво маршираа низ булеварот „Гоце Делчев“, а потоа се обратија пред зградата на локалната самоуправа.
Главно, бараат исплата на сите заостанати субвенции, мерки, ковид пакетите, повлекување на законите за зелена такса и за продажба на земјоделското земјиште.

Земјоделците најавија радикализирање на протестите низ повеќе региони доколку наскоро не се решат проблемите.