Две малолетнички ги загубија животите откако со четирицикл излетале од локален пат во кичевско.

Од МВР информираат дека вчера попладне било пријавено дека на локален пат во село Колибари, 15-годишна малолетничка од с.Колибари, управувајќи четирицикл со кичевски регистарски ознаки, изгубила контрола и со четирициклот излетала од коловозот.

-Од здобиените повреди на местото на несреќата починале малолетничката и нејзината малолетна сопатничка од с.Грешница, кичевско. Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телата на починатите биле дадени на обдукција, велат од полицијата.

Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Кичево.