На денешните парламентарни избори во Унгарија, до 13 часот гласале 54,14 проценти од гласачите, соопшти Изборната комисија на таа земја.
На веб-страницата на Националната изборна канцеларија е наведено дека за денешното гласање се регистрирани 7.527.742 гласачи, и дека 16,89 проценти од нив гласале до 9:00 часот наутро, додека 37,98 проценти гласале до 11:00 часот.
Тоа претставува значително зголемување на излезноста во споредба со претходните два изборни циклуси – 42,32 проценти од гласачите гласале до 13 часот во 2018 година, а 40,01 процент во 2022 година.
Главните кандидати на денешните избори, премиерот Виктор Орбан и неговиот ривал Петер Маѓар, претходно утрово објавија дека гласале.
