Истражувањето покажува дека големи дози витамин Ц може да ја ублажи штетата од ситните честички врз белите дробови
Новата студија на Универзитетот за технологија во Сиднеј (УТС) открива дека витамин Ц може да ја ублажи штетата од ситните честички во воздухот врз белите дробови. Истражувачите спровеле експерименти врз глувци и лабораториски одгледувани човечки ткива, откривајќи дека витаминот ја намалува загубата на митохондрии, го ублажува воспалението и го штити ткивото од оксидативен стрес.
Земањето на витамин Ц треба да се прави под надзор на лекар
Молекуларниот биолог Брајан Оливер од УТС потенцира дека највисоките дози на витамин Ц можат да помогнат, но секогаш треба да се земаат по консултација со матичен лекар. Загадувачките ПМ честички потекнуваат од сообраќајот, шумските пожари и песочните бури, а студијата покажала дека дури и ниските концентрации можат да предизвикаат сериозни оштетувања на организмот.
Превенција против хронични респираторни болести
-Не постои безбедно ниво на загадување кое не предизвикува воспаление на белите дробови и хронични респираторни заболувања, но со витамин Ц добиваме евтин, превентивен третман, објаснува Оливер.
Истражувачите, сепак, нагласуваат дека се потребни дополнителни студии за да се утврди дали истиот ефект се постигнува и кај луѓето.
