Голомразица го затвори патниот правец кон ХЕЦ Козјак

Патниот правец кон ХЕЦ Козјак е затворен за сообраќај поради појава на голомразица, информираат надлежните служби. Возачите се повикуваат на зголемена внимателност и да не се упатуваат кон овој правец сè додека не се подобрат условите за возење.

Регионалниот пат Дебар – Маврово е нормализиран

Во меѓувреме, сообраќајот на регионалниот пат Дебар – Маврово е нормализиран и се одвива без поголеми проблеми. На останатите државни патишта сообраќајот тече непречено, по наместа влажни коловози.

Потсетување дека од 15 ноември 2025 година е во сила законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата. Оваа обврска важи до 15 март 2026 година.