Припадници на Секторот за борба против организиран криминал на грчката полиција уапсиле државјанин на Бразил на меѓународниот аеродром во Атина. Според грчките медиуми, мажот се обидел да пренесе околу еден килограм кокаин, спакуван во 100 мали пакувања што претходно ги проголтал.
Секое пакување тежело околу 11 грама, а дрогата, според истите извори, имала чистота од 90 отсто.
Осомничениот во Атина пристигнал со авион од Париз, по што бил приведен од полициските служби.