Успешно ја одбранив докторската дисертација на Универзитетот за библиотекарски студии и информатички технологии – УНИБИТ, Софија, на тема:
„Организациони модели на професионална подготовка“.
Ова не е само личен академски успех.
Ова е обврска.
Обврска знаењето и искуството што ги стекнав да ги вложувам уште поодговорно во јавниот интерес, во унапредување на институциите и во работа во служба на граѓаните.
Најголема благодарност до Елена, мојата сопруга, за љубовта, трпението и безрезервната поддршка, како и до моите Стефан и Борјан – мојата најголема сила и вечна инспирација.
Искрена благодарност до мајка ми и татко ми, кои ме научија на вистинските вредности и секогаш веруваа во мене.
Благодарност и до Дариа и Даниел, како и до Игор и Сандра – за поддршката, разбирањето и присуството што значи повеќе од зборови.
Од срце, благодарам на сите што се дел од оваа нова приказна.
