Министерот за локална самоуправа Горан Милевски кој е лидер на ЛДП и коалиционен партнер на СДСМ и ДУИ во емисијата на ТВ 24 испрати серија директни навреди кон портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева.
Имено тој по презентираните факти од страна на Митева и рече дека „тропа глупости“.
Милевски откако заедно со Стефан Богоев од СДСМ беа повикани да излезат на предвремени парламентарни избори и откога им беа презентирани факти од страна на опозицискиот портпарол, тој почна да ја навредува Митева со серија напади, обвинувања и на моменти омаловажувања.
На ова се приклучи и Стефан Богоев од СДСМ.