Претседателот на ЛДП, Горан Милевски самиот, без согласност и одлука на партијата се предложил за министер во Владата. Ваквиот потег на Милевски предизвикал зголемен револт во партијата каде што од поодамна врие поради, како што обвинуваат членовите, ситуацијата во која Милевски си ги брка само сопствените интереси и на неговите блиски.

Изборот на Милевски за министер само на негов предлог и со негова желба, внатре во партијата покренал иницијатива за негова одговорност.

Со изборот на Владата и изборот на Горан Милевски за челн на Владата е прекршен Статутот на ЛДП. На последната седница на ЦО се зазема став водење преговори и барање до мандатарот Ковачевски за учество на ЛДП во Владата. Одлуката за учество и обезбедување на уште еден министерски мандат на Милевски се случи без претходно одржување на седница на ЦО и носење на одлука за учество во Владата. Согласно член 38 став 17 од Статутот на ЛДП: „ЦО утврдува листа на кандидати за членови на Владата на Република Македонија од редовите на ЛДП“.

Ги замолувам членовите на Надзорниот одбор да поведат соодветна постапка против претседателот Милевски за прекршување на статутот на партијата. Како што наша идеолошка заложба е дека никој не смее да биде над законите на државата, така и во партијата никој не смее да биде над статутот, ниту претседателот на партијата, а најмалку во момент кога е тој лично засегнат – стои во дописот на Филип Аврмачев, член на Централниот одбор испратен со органите на ЛДП.

Во ЛДП од поодамна има незадоволството кон Милевски поради тоа што ги вработил сите блиски и фамилијата на државни функции. Милевски од позиција министер влијаел и успеал да ја вработи сопругата на Клиника а да добие и државна специјализација, баџанакот го назначил за директор на државната Лотарија, а членува и во Управниот одбор на Агенцијата за пошти додека неговата сопруга е вработена во Државниот испитен центар, братучедот го вработил во Државната видео лотарија, кумашинот во Идризово, а кумашинката си ја зел во неговиот кабинет во Министерството за локална самоуправа, пишува „А1Он“.