Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска ги објасни нејаснотиите за стратешкиот договор со Велика Британија.

Првиот момент е рамката. Таа е шест милијарди. Не значи дека таа рамка целосно ќе биде искористена или денес ќе биде искористена. Беспредметно е да се разговара само за камати. Само луда влада може да ги земе парите и да не ги реализира. Шест милијарди значи дека нешто ќе се направи, а моментот за камати е желба на поединци да се направи хаос, вели министерката за финансии.

Министерката Гордана Димитриеска Кочоска вели дека овој стратешки договор со Велика Британија ќе биде за инфраструктурни проекти во железницата и за здравство.

Парите ќе бидат наменети за инфраструктурни проекти во железницата и за здравство. Тоа е извесно и она што во овој момент е во проекциите. Од моментот кога проектот ќе биде зрел, го спроведува ресорното министерство. Задолжувањето почнува во оној момент кога ќе се плаќа. Да не забораваме ние истовремено враќаме долгови, додава министерката.

Таа е децидна дека во однос на каматната стапка се уште се преговара. Што се однесува до критиките на Венко Филипче, таа вели дека сигурно ќе биде пониска каматата од нивниот договор со Бехтел и Енка.

Ќе го поздравам лидерот на опозицијата којшто вчера ми забележа за ова. Едно е сигурно каматната стапка сигурно ќе биде пониска од оние седум отсто што ги плаќаме за Бехтел и Енка. Проектно финансирање со седум отсто е злосторство за буџетот. Тие најмалку имаат право да зборуваат за кредитни стапки, вели Димитриеска Кочоска.

Димитриеска Кочоска вели дека уште го немаат погледнато договорот за Бехтел и Енка. Објасни кога ќе биде првото плаќање од овој заем од Британија.

Во однос на тоа што значи дали досега имаме досега одобрени, а неискористени средства така е. Ако гледаме колкав е потенцијалот и колку можеме да повлечеме така е. Ние уште го немаме погледнато договорот за Бехтел и Енка, колегите не го знаат, но прашањето е друго: Како плаќаа? Во изминативе два дена објаснивме, првото плаќање ќе биде во 2027 година. До 2027 година имаме време да реализираме некои работи и потоа да настане првото плаќање, заклучува министерката.

Таа вели дека во моментот враќаат долгови и државата не се задолжува дополнително. Повеќе информации може да погледнете од веста во продолжение:

Ивановски откри детали за договорите со Обединетото Кралство: Модерна железница од Табановце до Гевгелија, нов лик за Скопската станица

Следете ја емисијата во живо: