Претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска Давкова се огласи по повод смртта на папата Франциск.

Како што вели, ќе го памети по незаборавниот разговор.

„Како народен папа, тој на христијанското семејство му го честиташе Христовото Воскресение и утрово мирно замина во вечноста.

Јас, пак, по четириесет минути незаборавен разговор ќе го паметам по исклучителниот ум, мудрост, топлина и едноставност“, напиша Сиљановска Давкова.